10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез договор за Brexit претстои кошмар за европските аеродроми

Без договор за Brexit претстои кошмар за европските аеродроми

Индустријата на авиопревозници мора да се подготви за хаос, ако во следните недели не биде потпишан трговски договор за планираното одделување на Велика Британија од ЕУ, предупреди шефот на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA).

Организацијата ја објаснува нивната загриженост во посебен извештај за „Brexit“. Меѓу нив се правoтo на слетување на авиокомпаниите во Велика Британија, лиценците на пилотите и прекуграничната трговија со резервни делови за авиони.

„Постојат бројни технички прашања кои се од апсолутно клучно значење за гарантирањето на ефективен и непречен воздушен сообраќај. Тие сепак не се договорени, а треба да бидат решени“, вели извршниот директор на „IATA“, Александер Де Жуниак.

Предупредувањето доаѓа откако минатиот месец британската влада соопшти дека авионските летови може и да не бидат спроведени, ако ЕУ не даде реципрочно одобрување за своите авиони и авиокомпании, во случај дека не се дојде до договор за „Brexit“ пред официјалната разделба на 29-ти март.

Велика Британија ќе продолжи да ги признава сертификатите на Европска агенција за воздухопловна безбедност во рок од две години по овој датум.

Од „IATA“ објавија дека организацијата не е вклучена во преговорите меѓу Велика Британија и Европската комисија и повикува да бидат известени однапред за евентуалните договори.

„Ако ништо не е биде договорено, тоа ќе се претвори во кошмар за европските и британските аеродроми, како за патниците, така и за нас“, вели Де Жуниак. „Продажбата на билети кои не сме 100% сигурни дека можеме да ги исполниме, почнува да станува малку угнетувачки за нас и тоа затоа што се обидувам да биде љубезен!“, вели тој.

Најлошото можно сценарио, според извештајот на „IATA“, е „малку веројатната загуба на добра волја меѓу Велика Британија и ЕУ, како и секоја од земјите членки на Унијата“.

Во овој случај ќе има дозвола за реализирање на помалку од 5% од неделните летови меѓу Велика Британија и Шпанија, а најмалку 1.000 летови неделно меѓу Велика Британија и пет земји во ЕУ ќе отпаднат.

Ако не биде постигнат договор за „Brexit“, нема да има време за договарање на детален Договор за услуги за воздушен превоз меѓу ЕУ и Велика Британија и се претпоставува дека ќе се примени некој основен договор за да се обезбеди барем едно основно ниво на поврзаност преку воздух , велат од „IATA“.

Ова ќе вклучува најразлични ограничувања на пазарниот пристап и други прописи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП