22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево и ветровито време со температура до 18 степени

Сончево и ветровито време со температура до 18 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала облачност, информираат од  Управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму додаваат дека преку денот ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северозападен правец, кој особено ќе биде изразен  по должина на Повардарието.

Минималната температура ќе се спушти во интервалот од 0 до 8, а преку денот ќе достигне од 11 до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува претежно сончево време со мала облачност и со умерен до  засилен северозападен ветер. Температурата во текот на денот ќе се движи од 6 до 16 степени.

В петок и за време на викендот ќе преовладува суво време со студени утра, а дневните температури значително ќе се зголемат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП