28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВ недела започнува зимското сметање на времето

В недела започнува зимското сметање на времето

В недела на 28 октомври во 3 часот започнува зимското сметање на времето, пришто со поместување на стрелските на часовникот за еден час наназад, времето во 3 ќе се смета како 2 часот, соопшти Бирото за метеорологија.

Зимското сметање на времето ќе трае до последниот викенд во март кога започнува летното сметање на времето.

Неодамна Европската Комисија соопшти дека ЕУ планира да го укине преминот од летно кон зимско сметање на времето, а во согласност со овој предлог земјите членки на ЕУ до април следната година треба да одлучат дали ќе останат во зимско или летно сметање на времето. Предвидено е последното задолжително поместување на летното сметање да биде на 31 март 2019 година, меѓутоа членките кои сакаат да се вратат на зимското сметање на времето ќе можат да го направат тоа уште еднаш на 27 октомври 2019 година.

По одлуката на ЕК, Македонија се изјасни дека ќе го следи европскиот пример. Во земјава зимското и летното сметање на времето е воведено во 1996 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП