28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија отфрла да го менува буџетот по барање на ЕУ

Италија отфрла да го менува буџетот по барање на ЕУ

Италијанската влада нема да го промени својот буџет за следната година, изјави вицепремиерот Матео Салвини, пренесе „Ројтерс“.

„Италијанците се, пред сè“, рече Салвини и додаде дека неговата земја не планира да се откаже од еврото или да ја напушти Европската Унија.

Вчера, Европската комисија побара од Италија да го отфрли нацрт-буџетот за в година и ѝ даде на земјата рок од три недели да претстави нов план. Образложението е дека планираните расходи ги кршат ветувањата за намалување на јавниот долг и не се во согласност со прописите.

Битката за италијанскиот буџет траеше со недели. Економијата на Италија по големина е трета во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП