7 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЖените открија колку би требало да трае денот за да можат да...

Жените открија колку би требало да трае денот за да можат да ги исполнат сите обврски

Научниците дојдоа до заклучок дека на денешните жени им е потребен ден кој трае 28 часа за да имаат време да ги исполнат сите обврски.

Шест од десет жени рекле дека им е потребен подолг ден и тоа за 3 часа и 36 минути. На тој начин би успеале да ги завршат своите деловни обврски, семејни активности и би имале доволно време за социјален живот.

Половина жени кои учествувале во истражувањето од вкупно 2000 рекле дека ги жртвуваат часовите за спиење за евентуално да направат нешто што ги исполнува односно да вежбаат или да се дружат.

Како што пренесува „Д сан“ тоа значи дека многу жени дневно спијат само 6 часа наместо препорачаните осум.

Жените кои работат претежно се на работа од 9 до 17 часот, а голем број рекле и дека не излегуваат од работа пред 19 часот. Половина од жените рекле дека стануваат пред 6 часот и дека не легнуваат пред полноќ. Сетоа ова доведува до премор, проблеми со концентрацијата и подочници.

Ако денот трае 28 часа, жените во студијата рекле дека тогаш би имале време за повеќе дружење со пријателите и партнерите, би се посветиле на готвењето и би пробувале нови рецепти и би поминувале повеќе време во вежбање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП