2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПосака да биде подолг: Audi Q2 L (фото+видео)

Посака да биде подолг: Audi Q2 L (фото+видео)

Малиот кросовер на „Audi“ за кинескиот пазар е подолг од оној кој се продава во Европа за околу 4 cm.

По „шпионските“ фотографии на „Audi Q2 L“ со продолжено меѓуосовинско растојание, које во текот на летото се појавија на интернет, сега имаме можност да ги погледнеме и официјалните фотографии од овој модел наменет за купувачите во Кина.

Во оваа земја владее поголема побарувачка за автомобили со подолго меѓуосовинско растојание во однос на верзијата која се продава во Европа. „Audi“ на кинескиот пазар понуди бројни модели со додатокот „L“ во ознаката на автомобилот, а сега дојде ред и на малиот кросовер „Q2“.

Кинеската верзија е подолга од европската за 38 mm, од што на зголемување на меѓуосовинското растојание се 28 mm – растојанието помеѓу предната и задната осовина е 2.628 mm, додека вкупната должина на моделот „Audi Q2 L“ изнесува 4.229 mm.

Покрај овие промени, дизајнот на автомобилот остана ист како и кај стандардната верзија на „Audi Q2“.

Сепак, речиси трите сантиметри повеќе допринесоа за поудобно возење за патниците на задните седишта, затоа што имаат повеќе простор за колената.

„Audi Q2 L“ во Кина ќе се продава со 1.4-литарски турбо бензинец. Достапни се две верзии – послаба со 131 ks и 220 Nm и помоќна со 150 ks и 250 Nm.

Седумстепениот „DSG“ менувач со двојно квачило е стандарден кај двете верзии.

„Q2 L“ ќе се изработува во кинеската фабрика „FAW-Volkswagen“, a цената на овој автомобили ќе стартува од 32.670 до 40.590 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП