27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако трговската војна ќе влијае врз купувањата на луксузни стоки во Кина?

Како трговската војна ќе влијае врз купувањата на луксузни стоки во Кина?

Континуираниот трговски спор меѓу Вашингтон и Пекинг засега ќе има „минимално“ влијание врз кинеските купувачи на луксузни стоки, смета партнер од консултантската фирма „OC & C Strategy Consultants“, цитиран од „CNBC“.

Поголемиот дел од влијанието ќе биде индиректно, доколку трговските давачки најверојатно влијаат комплетно на кинеската економија и можноста на корисниците да трошат за луксузни стоки, коментира Паскал Мартин.

„Ако навистина се погледне влијанието врз лускозните стоки во моментов, тоа е многу минимално, бидејќи тие не се дел од листата на производи погодени од фазите од трговските санкции кои беа наметнати од САД и Кина“, вели тој.

САД воведоа дополнителни царини за увозот на кинески стоки за околу 250 милијарди долари, а Кина одговори со уште царини за 110 милијарди долари за стоки кои влегуваат во нејзините граници од САД.

Претседателот Доналд Трамп изјави дека е „подготвен“ да наметне царина за сите кинески производи увезени во земјата, што е еднакво на сума околу 505 милијарди долари.

„Мислам дека ефектот ќе се почувствува подоцна, ако луксузните стоки бидат вклучени како дел од фаза три на зголемувањето на царините“, додава Мартин. „Во оваа фаза, случајот не е таков, па влијанието е навистина многу минимално“.

Купувањето на луксузни стоки е клучен пазар во Кина. Најголемата азиска економија се очекува да  има најмногу богати домаќинства во светот до 2021-ва година, се наведува во извештајот на „McKinsey & Company“ од оваа година.

Кинеските потрошувачи на луксузни стоки трошат над 500 милијарди јуани (72 милијарди долари) годишно, што претставува околу една третина од глобалниот пазар на луксузни производи според извештај на „McKinsey“.

„OC & C“ тврди уште дека кинеските потрошувачи придонесуваат помеѓу 25 и 35% од глобалната продажба на луксузни стоки, а поголемиот дел од купувањата се случуваат надвор од Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП