27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ѝ додели на Србија неповратни над 170 милиони евра за земјоделството

ЕУ ѝ додели на Србија неповратни над 170 милиони евра за земјоделството

Во српската влада вчера на земјоделците им беше врачено решение за доделување на неповратни 175 милиони евра од ИПАРД програмата на Европската Унија за купување на нова опрема и механизација.

Шефот на делегацијата на Европската унија во Србија, Сем Фабрици рече дека ИПАРД програмата е пресвртница која овозможува Србија да стане дел од заедничката европска политика за земјоделство.

„Сакаме на српските земјоделци со набавката на трактори и друга опрема да им обезбедиме ефикасни алати за да ја извршуваат нивната работа“, рече Фабрици и посети дека последните години е двојно зголемен извозот на земјоделки производи од Србија во ЕУ.

Министерката за европска интеграција, Јадранка Јоксимовиќ рече дека земјоделството во Србија треба да стане поконкурентно бидејќи европскиот пазар има високи критериуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП