2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа не ѝ го одобри буџетот на Италија, тензиите растат

Европа не ѝ го одобри буџетот на Италија, тензиите растат

Европската комисија го отфрли предлогот за државниот буџет на Италија за следната година, што е прва ваква одлука досега.

Образложението е дека планираните расходи ги кршат ветувањата за намалување на јавниот долг и не се во согласност со прописите.

„Комисијата денеска за прв пат е приморана да бара ревизија на предлог буџетот на членка на еврозоната, но не гледаме алтернатива“, изјави нејзиниот потпретседател, Валдис Домбровскис.

Европската комсија побара италијанската влада во рок од три недели да поднесе нов предлог буџет, што дополнително ја зголемува тензијата меѓу Рим и Брисел.

Владата на Италија тврди дека зголемувањето на трошоците е неопходно за да ја покрене економијата, но ЕУ и голем број лидери сметаат дека финансиската стабилност на Европа би била загрозена ако Италија не успее да го заузда долгот.

Битката околу италијанскиот буџет траеше со недели. Економијата на Италија по големина е трета во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП