6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПопладнево ќе дува силен северозападен ветер, ноќеска слаби врнежи од дожд

Попладнево ќе дува силен северозападен ветер, ноќеска слаби врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Кон крајот на денот и преку ноќта под влијание на студен и брз продор од север ќе има зголемување на облачноста проследено со слаби врнежи од дожд, а на планините од слаб снег.

Попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, локално со брзина и над 100 километри на час, што ќе услови нагло и значително опаѓање на температурата. Минималните температури ќе се движат од 0 до 9 степени, а максималните од 15 до 23 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и ќе дува силен северозападен ветер. Преку ноќта ќе има слаби врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од 5 до 21 степен.

Во четврток се уште ќе дува засилен северен ветер и ќе биде студено, но сончево. Во петок и за време на викендот ќе преовладува суво време со студени утра, а дневните температури значително ќе се зголемат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП