10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДолгоочекуваната инфлација во светот ќе продолжи да се забрзува

Долгоочекуваната инфлација во светот ќе продолжи да се забрзува

Инфлацијата, која беше неостварлива во последните десет години, почнува да се манифестира суштински во САД, еврозоната и Јапонија, сигнализирајќи дека долготрајно опоравување од финансиската криза конечно дава ефект во зголемувањето на цените, пишува „Bloomberg“.

Основната инфлација во т.н. економии од „Г-3“ се забрза до 1,4% на годишна основа од посткризините 1,1% и ќе продолжи да се зголемува според главниот економист на „Morgan Stanley“, Четан Ахија. Тој верува дека еврозоната и Јапонија ќе имаат поизразен пораст од САД.

Една причина за промена на очекувањата е дека работниците конечно почнаа да добиваат повисоки плати поради затегнувањето на пазарот на труд. Кампањата, предводена од владата на Јапонија за повисоки плати, веќе се рефлектира во податоците за инфлацијата. Гувернерот на Јапонската централна банка, Харухико ​​Курода, минатата недела беше повеќе од категоричен во својата прогноза дека очекува пораст на инфлацијата кратко пред официјалните податоци да го потврдат.

„Забрзувањето на растот на платите ја поддржува довербата во изгледите за инфлација“, рече Ахија.

Друг фактор зад побрзата стапка на пораст на инфлацијата е макроекономската ситуација, според главниот економист на „Morgan Stanley“. Светот во моментов е многу различен во споредба со периодот 2012 – 2016-та година, кога намалувањето на задолженоста, недостатокот на желба за преземање на ризик од страна на приватниот сектор и средните нивоа на глобалната побарувачка водеа до слаб апетит за инвестиции, така што растот на цените остана подложен.

„Од 2017-та година, последните три фактори се претворија и, на крајот, инвестицијата се зголеми“, додава тој.

„Morgan Stanley“ верува дека растот во трите главни економии се движи побрзо од вообичаеното, што значи дека инфлацијата ќе се забрза. Постои реален ризик дека централните банкари ќе бидат изненадени од тоа колку брзо се враќа инфлацијата.

„Ниските инфлациски очекувања веќе остануваат во минатото и економијата би можела да биде поддржана, ако банкарите ја зачуваат својата политика на олабавување“, рече уште Ахија, нагласувајќи дека инфлациските ризици веќе јасно покажуваат дека насоката е нагоре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП