3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПаладиумот на чекор од рекорд

Паладиумот на чекор од рекорд

Фјучерсите на паладиумот продолжуваат да растат во позадина на информациите дека претседателот Доналд Трамп планира да ја повлече САД од нуклеарниот договор со Русија кој датира од Студената војна, пишува „MarketWatch“.

Паладиумот со испорака во декември поскапе за речиси 3,5% за последните 24 часа, до 1.107 долари за унца, а дури достигна цена од 1.109,60 долари за време на сесијата.

Ова е највисоката вредност на металот од јануари, кога беа постигнати блиски нивоа – 1.109,70 долари.

Металот во моментов се тргува за помалку од 120 долари од вредноста на златото, кое е најмалата разлика меѓу паладиумот и златото од 2004-та година, покажуваат податоците на „FactSet“.

Вкупно 40% од светското производство на паладиумот доаѓа од најголемиот руски производител „Norilsk“.

При состојба дека односите меѓу САД и Русија продолжуваат да се „ладат“, тоа може да доведе до пад во понудата, а оттаму и во нов раст во цената на суровината, коментираат трејдерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП