18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродажбата на имот на странци во Турција се зголеми за повеќе од...

Продажбата на имот на странци во Турција се зголеми за повеќе од 150% во септември

Продажбата на имот на странци во Турција се зголеми за 151,1 отсто за период од една година во септември, покажуваат официјалните податоци. Вкупниот број продадени имоти на странски државјани минатиот месец бил 5.615, објави „hurriyetdailynews“.

Податоците од турскиот институт за статистика покажуваат дека повеќето имоти се продаваат на ирачки граѓани кои минатиот месец купиле 1.351 домови. Следуваат Иранците со 538, жителите на Кувајт со 360, Саудијците со 312 и Германците со 299.

Значителниот раст е резултат на ублажувањето на критериумите од владата за стекнување на турско државјанство од страна на странци со цел стимулирање на инвестициите. Новите правила беа објавени во Државниот весник на 19-ти септември.

Странските државјани кои поседуваат имот во Турција со минимална вредност од 250.000 долари наместо 1 милиони долари, веќе можат да добијат турско државјанство.

Во првите девет месеци од годинава се продадени околу 24.155 станови на странци, што е раст од 58,5% на годишна основа.

Во септември во Турција биле продадени над 127.000 живеалишта, што е пад од 9,2% на годишна основа, покажуваат податоците на турската статистика.

Истанбул, кој е најголемиот град во земјата по бројот на населението, регистрирал најмногу продажби на имот со 20.216 единици, кои сочинуваат околу 15,9% од вкупната продажба во септември.

Главниот град Анкара и егејската провинција Измир го окупираат второ и трето место со 11.368 и 6.207 продадени живеалишта. Продажбите на станбен имот со хипотека во Турција биле 11.330, што е пад со 72% во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Турскиот институт за статистика.

Продажбата на станови со хипотека имале удел од 8,9% од вкупната продажба на станбен имот во земјата, покажува уште статистиката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП