20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да ги заштитите вашите артерии од масните оброци?

Како да ги заштитите вашите артерии од масните оброци?

Високомасните оброци можат да ги запушат и стеснат артериите на неколку саати, со што протокот на крв е послаб. Ако не можете да се откажете од јадењата на скара, хамбургерите и прженото месо овие совети на кардиологот Џоел К. Кан ќе ви помогнат да го сочувате здравјето на артериите.

1. Маринирајте го месото

Подготвувањето на месото на високи температури создава соединение кое го зголемува нивото на воспаление во телото и ризикот од дијабетес. За да ја намалите количината на ова соединение, маринирајте го месото во лимонов сок или оцет, испржете го на пониска температура и отстранете ги јагленисаните делови.

2. Пијте црвено вино

Истражувачите откриле дека црвеното вино помага во намалувањето на негативното дејство на масните оброци на артериите. Пијте 230 милилитри црено вино со ваквите оброци.

3. Плескавица во лепиња од здрави житарки

Истражувањата покажуваат дека кај лицата кои со високомасните оброци јадат овес, артериите не се запушуваат толку. Здравите житарици ја намалуваат апсорцијата на масти.

4. Додадете исецкано авокадо

Кога ќе изедете хамбургер, артериите негативно ви делуваат два часа. Но ако по јадењето хамбургер изедете и едно авокадо, ова дејство максимално се намалува.

Многу хранливите производи (како што е авокадото) го неутрализираат лошиот ефект од ваквото месо.

5. Прошетајте

Триесет минути брзо одење по оброкот може да ја намали концентрацијата на масти во крвта за 10 до 25 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП