10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо среда стартува саем за градежништво и Технома 2018

Во среда стартува саем за градежништво и Технома 2018

Во рамките на саемската трилогија која се случува есенва на нова локација, комплекс ВИП Арена Борис Трајковски се случуваат и двата најголеми бизнис саеми, 15-тото издание на Саем на Градежништво заедно со осмиот по ред RealExpo (саем на недвижности), како и 44-тото издание на Технома, саемот кој ги собира движечките компании од областа на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита, соопштуваат оранизаторите.

„Како што може да се види од програмскиот дел, акцент се става на енергетиката, заштедата на енергија, користењето на материјалите за енергетска ефикасност, заштита на околината, рециклирање. Технома – Градежништво – RealExpo се од важен интерес за архитектите, проектантите, дизајнтерите, градежниците како и широката публика. Најголем фокус годинава ќе се даде на презентацијата за „Енергетска ефикасност” организирана од програмскиот партнер на Технома и Градежништво – Европска Банка за обнова и развој преку ГЕФФ проектот (Green Economy Financing Faculty) каде на тематско – едукативната дискусија ќе се разговара за оперативните чекори за успешно информирање и користење на условите кои ги имаат банките и крајните корисници (граѓаните) за користење на ресурсите за подобрување на енергетската ефикасност во домовите. Спојот на двете саемски манифестации несомнено ќе придонесе да се направи единствен настан од голема важност за изложувачите и за посетителите“ изјави Валентина Димитрова, оперативен директор на проект – Скопски саем.

RealExpo за сите граѓани ќе понуди големи поволности за купување на станови како и поволности за купување на имот, додаваат оранизаторите во своето соопштение во кое се посочува дека како и секоја година, во програмскиот дел е вклучена и Макинова, која ќе ги презентира последните достигнувања, пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, индустриски дизајн, трговски марки, младинско – истражувачко и кретаивно творештво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП