30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСивата економија во Италија изнесува 12,4% од БДП-то

Сивата економија во Италија изнесува 12,4% од БДП-то

Во Италија, непријавената работа и другите нелегални економски активности сочинуваат 12,4% од бруто-домашниот производ (БДП). Како што објави „Istat“, големината на оваа сива економија во 2016-та година изнесува околу 210 милијарди евра. Најголемиот дел од сумата – 192 милијарди евра – се должи на непријавената работа, се вели во извештајот.

За преостанатите 18 милијарди евра, според „Istat“, се одговорни нелегални активности – вклучувајќи и 12,6 милијарди евра – трговија со дрога и 3,7 милијарди евра од проституција.

Споредено со претходните години, учеството на неформалната економија во БДП-то се намали, во 2015-та година таа изнесуваше 12,6%, а во 2014-та година изнесуваше 13,1%. Според експертите од Германија во оваа земја ја проценуваат на една десетина од официјалниот бруто-домашен производ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП