28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку луѓе во САД добиваат плата од над 50 милиони долари?

Колку луѓе во САД добиваат плата од над 50 милиони долари?

Вкупно 205 луѓе во Америка заработиле плата од повеќе од 50 милиони долари, објави „MarketWatch“, осврнувајќи се на податоците од администрацијата за социјално осигурување од минатата година.

Или од друг агол – тоа не е дури ни 1% од луѓето во САД, или дури 0,1% – во овој случај станува збор за само 0,000001% од населението.

Податоците се базираат на платените даноци. Клубот на оние кои заработиле плата од над 50 милиони долари заработи вкупно 19,95 милијарди долари.

Тоа е повеќе од сите жители на Денвер кои заработиле од платите за претходната година.

Од владината администрација не ги објавија имињата на најдобро платените луѓе во САД, но се знае дека од јавните компании највисоки плати добиваат извршните директори на „Broadcom“ и „First Data“, односно Хок Тан и Френк Бисинаро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП