25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако несигурното дете стана ИТ мултимилионер

Како несигурното дете стана ИТ мултимилионер

kid1

Кога Давид Карп влегол во работата поврзана со изработка на интернет страници, имал само 11 години. Тогаш сигурно не ни сонувал дека на 20 години веќе ќе има сопствен бизнис, а дека на 26 години ќе „тежи“ 200 милиони долари.

Карп уште од мал се интересирал за изработката на интернет страници. Неговиот интерес и учење се развивале толку брзо што на само 14 години сам развил сајтови за локални фирми.

„Бев многу самосвесен кога почнав да работам. Работев на проекти за други луѓе. Бев способен да направам некои многу кул интернет страници за некои луѓе. И тие беа навистина среќни што мораа да ја „поднесат“ мојата работа и да поднесат некое дете да им доаѓа во фирмата еднаш неделно. Тоа страшно ме плашеше. Понекогаш го викав татко ми да се претстави во мое име, бидејќи звучев како дете“, вели Карп.

Кога Џон Малони барал личност за техничка подршка за „UrbanBaby“, му го предложиле Карп. И момчето се докажало! Толку многу се покажал, па на само 17 години му дале мал дел од фирмата.

Така се редеа успех по успех.

Последно нешто што го направи Карп е поместувањето на платформата „Tumblr“, благодарение на која стана милионер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП