4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКакви луѓе вработува милијардерот Џек Ма во својата компанија "Alibaba"

Какви луѓе вработува милијардерот Џек Ма во својата компанија “Alibaba”

Џек Ма, основачот на технолошката компанија, “Alibaba” чие богатство се мери во милијарди, вели за развој на бизнисот подразбира ангажирање на правите луѓе, кај кои е важен емотивниот фактор, а не само интелигенцијата.

“Alibaba” сега е гигант во интернет  трговијата со повеќе од 80.000 вработени низ целиот свет и е еден од најатрактивните работодавци во Кина, а Ма призна дека на почетокот не бил во право кога ангажирал врвни експерти кои не се вклопиле во компанијата.

Сега вели дека неговото прво правило во регрутирањето е да се избегнат “најдобрите” луѓе и “експертите”, пишува CNBC.

“Ги мразам луѓето кои доаѓаат како експерти бидејќи нема експерти за иднината, тие се секогаш експерти од вчера”, рече тој.

И, како што додаде, нема “најдобри луѓе”.

“Најдобрите луѓе се секогаш во вашата компанија, ги обучувате да станат најдобри”, рече Ма.

И, како што објасни тој,  ангажирате луѓе кои се подготвени да учат и не се плашат да направат грешка.

Ма, исто така познат по тоа што не ги вработува најдобрите студенти, вели дека “елитата од колеџ” брзо станува фрустрирана кога ќе наиде на потешкотии во реалниот свет.

Сепак, кандидатите за работа во “Alibaba” мора да бидат доволно интелигентни за да можат да се движат во деловно опкружување кое постојано се менува, вели тој.

Кинескиот бизнисмен откри дека тој претпочита да работи со луѓе кои имаат добар коефициент на емоции (EQ), бидејќи смета дека се подобри лидери и тимски играчи, но, исто така, забележува дека без интелигенција (IQ) не може далеку да стигнат.

“Треба да имаш EQ да работиш со другите, а ти треба да имаш IQ, за да знаеш што да работиш”, рече Ма.

Тој вели дека оптимизмот му помогнал да ја изгради “Alibaba” како што е денес.

“Како претприемач, ако не сте оптимист, вие сте во неволја. Затоа, избирам луѓе кои се оптимисти”, заклучи кинескиот милијардер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП