2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНадворешниот долг на Албанија достигна 5,33 милијарди евра

Надворешниот долг на Албанија достигна 5,33 милијарди евра

foreign-dept

Надворешниот долг на Албанија на крајот од март достигна 5,33 милијарди евра, што претставува зголемување за пет отсто, покажуваат податоците на Централната банка на Албанија.

Долгот на албанската Влада изнесува 2,28 милијарди евра и е повисок за 2,4 отсто во споредба со крајот на 2012 година. Во растот на надворешниот долг големо влијание има приватниот сектор, односно кредитите земени надвор од земјата од странски компании.

– Долгорочниот надворешен долг на Албанија изнесува околу 3,5 милијарди евра. Само во текот на првите три месеци од годинава Владата се задолжи во странство со 570 милиони евра за секторите енергетика, урбана и рурална инфраструктура, водовод и канализација, здравството, за животната средина и за развој на приватниот сектор, стои во извештајот на Банката.

Она што посебно паѓа в очи е фактот што Владата, за разлика од минатата, оваа година не зела кредит за образованието, а веќе две години не се задолжила за земјоделството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП