27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch го подигна кредитниот рејтинг на Кипар

Fitch го подигна кредитниот рејтинг на Кипар

Меѓународната агенција „Fitch“ го зголеми кредитниот рејтинг на Кипар за еден степен до инвестициско ниво – „BBB“, пренесе „АР“.

Така земјата се врати во инвестициската зона по повеќе од пет години, откако финансиската криза речиси ја дотера до испаѓање во неликвидност.

„Fitch“ како главни причини за одлуката го посочи големиот буџетски суфицит до 2020-та година (по над 2% од бруто домашниот производ на годишно ниво) во комбинација со солиден економски раст (односно 4 и 3,9% во оваа и следната година).

Минатиот месец „Standard & Poor’s“ прва од големите рејтинг агенции го зголеми кредитниот рејтинг на Кипар до инвестициско ниво, потсетува АР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП