2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајмоќниот Ford Mustang во историјата беше откриен

Најмоќниот Ford Mustang во историјата беше откриен

На „Instagram“ се појавија официјални фотографии од најмоќната верзија на „Ford Mustang“ во целата историја на моделот. Тоа е следната генерација на купето „Shelby GT500“ која ќе биде претставено официјално следната година. Неговата моќност се очекува да изнесува околу 700 КС.

Претходно оваа година „Ford“ исто така го покажа возилото, но снимен од друга позиција. Од стандардниот Mustang тој се разликува по дизајнот на предниот дел, сплитерите, проширените калници, решетката  за вентилација на капакот и антикрилото од јаглеродни влакна.

Последниот „Mustang“ со индексот „GT500“ беше претставен во 2012-та година, а модификацијата „Super Snake“ добие 5,8-литарски V8 мотор со компресор, а моќта во стандардната варијанта е 672 КС. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 3,7 секунди.

Во моментов најмоќната производна модификација на „Ford Mustang“ е „Shelby GT350“. Моделот се потпира на 5,2-литарскиот V8 мотор со 533 КС и 582 Nm вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 3,9 секунди, а максималната брзина е 289 км/ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП