10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерството за финансии најавува завршување на пругата Битола-Кременица до крајот на годинава

Министерството за финансии најавува завршување на пругата Битола-Кременица до крајот на годинава

Градежните работи на пругата Битола-Кременица се очекува да завршат до крајот на годинава, согласно податоците на изведувачот, информира Министерството за финансии.

Досега 90 проценти од градежните работи се завршени. Пругата е со должина од 17 километри, во рамки на кои се веќе изградени: 9 мостови, 38 пропусти, 30 премини за животни, нова станична зграда и нова зграда за сигнализација и телекомуникации во областа Жабени. Поставени се нови шини и прагови во должина од 18 километри, како и нов оптички кабел во иста должина“, информира Министерството.

Оттаму наведуваат дека до крајот на годината изведувачот ќе работи со машиниско регулирање на нивото на колосекот на проектираната висина, на 8 патни премини, на зградата на магацинот во Жабени и на поставување на опремата за сигнализација и телекомуникации.

Градежните работи на пругата од Битола до Кременица, започнаа во февруари 2018 година. Изведувач на проектот е STRABAG Rail Gmbh во конзорциум со STRABAG AG од Австрија. Вредноста на потпишаниот договор изнесува 17.1 милиони евра. Договорот со претходниот изведувач од Бугарија беше прекинат во 2016 година поради, како што беше посочено, слаба реализација на проектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП