21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Атина – Во рамки на процесот на докапитализација на грчкиот банкарски систем „Алфа банка“ успешно го заврши зголемувањето на капиталот во износ од 457,1 милион евра, обезбедено од страна на приватни инвеститори, соопшти грчката банка. Така, „Алфа банка“ е прва меѓу грчките банки која успешно го исполни барањето предвидено со закон, за минимално учество на приватниот сектор во докапитализацијата од најмалку 10 отсто од вкупниот износ. По уписот на новите акции и зголемувањето на непаричниот акциски капитал од страна на Грчкиот фонд за финансиска стабилност и завршувањето на сите релевантни активности, процентот на успешноста за зголемување на акцискиот капитал ќе биде 100 отсто, а вкупниот износ на зголемениот капитал ќе изнесува 4,571 милијарда евра.

Белград – „Железници на Србија“ и руската компанија „РЗЗД Интернационал“ потпишаа Анекс на Договорот за модернизација на српските железници, кој се однесува на осовременување на пругата Панчевачки Мост – Панчево, со вкупна вредност од 60 милиони евра. Анексот предвидува изградба и електрификација на вториот железнички колосек во должина од 15 километри. Генералниот директор на „Железници на Србија“, Драгољуб Симоновиќ најави дека реализаицјата ќе почне кон средина на октомври.

Бања Лука – Во Бања Лука беше потпишан Долументот-патокази за реализација на енергетските проекти на подрачјето на Република Српска, во рамки на проектот „Јужен поток“. Документот го потпишаа претседателот на Република Српска, Милорад Додик и заменик претседателот на Управниот одбор на „Газпром“ Александар Медведев. Додик рече дека со ова се предвидува изградбата и крак од гасовод низ Репблика Српска, што како што наведе, е од клучна важност за енергетската стабилност, бидејќи ќе овозможи подобрување на стандардот на населението и поголеми потенцијали за стопанството.

Загреб – За Хрватска, како и за целиот регион, 2013 година ќе биде уште една тешка година со очекуван пад на хрватскиот БДП од 0,4 отсто, но кон крајот на годината може да се очекува одлепување од дното и почеток на зајакнување, кој во 2014 година ќе овозможи стопански раст од 1,5 отсто, прогнозира Светска банка. Според ЕУ 11 Редовниот економски извештај на Светската банка, само три земји од подрачјето на ЕУ 11 (новите членки на Унијата и Хрватска) можно е и оваа година да останат во рецесија и тоа Словенија, Чешка и Хрватска, во која падот на БДП продолжува петта година по ред. – Таквите стопански движења во Хрватска доведоа до дополнителни влошувања на состојбата на пазарот на трудот, вели вишиот економист на Светска банка за Хрватска, Сања Маѓаревиќ Шујстер, истакнувајќи дека со тоа стапката на невработеност, но и се пониската стапка на партиципација на пазарот на трудот, дошле на критично ниво.

Љубљана – „Нова љубљанска банка“ (НЛБ), со согласност на Владата на Словенија, донесе одлука своите акции во „Меркатор“ да ги продаде на концернот „Агрокор“. Словенечкото радио, кое се повикува на неофицијални извори, тврди дека НЛБ во четвртокот го одобрила договор, за што претходно одобрение дала и Владата. НЛБ е прва од членките во конзорциумот што преговараше со „Агрокор“ за продажба на вкупно 53 отсто од акциите во најголемиот словенечки трговски ланец.

Брисел – Еврозоната во иднина треба да делува без мешање и помош на ММФ, смета шефот на Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ), Клаус Реглинг. Тој истакна дека на Европа и треба „само стручно мислење од ММФ“ и ништо повеќе од тоа. Во текот на изминатите три години Европската комисија, Европската централна банка и ММФ заедно работеа на управување на пакетите за помош на Грција и други земји. Меѓутоа, тензиите неодамна се зголемија откако ММФ изрази загриженост во врска со пристапот на Европа кон грчкото прашање.

Будимпешта – Индустриското производство во Унгарија, клучен показател на состојбата на економијата која во голем дел е зависна од автомобилскиот сектор, порасна во април по континираниот пад седум месеци по ред. На годишно ниво индустриското производство во април пораснало за 5,3 отсто, по падот од 2,9 отсто од март, благодарение на зголеменото производство во автомобилскиот сектор, како и извозот на индустрискиот сектор, кој е зголемен за 14,2 отсто на годишно ниво. Кога ќе се земе предвид бројот на работните денови во април, индустриското производство пораснало за 2,9 отсто во однос на истиот месец лани, додека на месечно ниво, според прилагодените податоци е зголемено за 1,2 отсто.

Киев – Мисија на ММФ доаѓа во Украина на 28 јуни, соопшти првиот заменик шеф на администрацијата на претседателот на Украина, Ирина Акимова. Таа прецизираше дека ќе дојде старото раководство на мисијата да го претстави новото раководство и заедно со локалните регионални претставници на ММФ ќе ги посетат постојаните контролни точки – министерствата за финансии и за економски развој, Народата банка на Украина, првиот потпретседател на Владата и премиерот.

Амстердам – Холандската независна канцеларија за буџетско планирање ја намали економската прогноза за 2013 година, наведувајќи дека очекува Холандија во 2014 година да има јавен дефицит од 3,7 отсто од БДП, што е над границата на Европската унија од три проценти. Централното биро за планирање наведува дека холандската економија оваа година ќе се намали за еден отсто, во однос на претходната проценка за пад од 0,5 проценти. Владата во Хаг разгледува нови мерки за намалување на фискалниот дефицит, но не е јасно дали во Парламентот ќе обебзеди доволно поддршка за усвојување на мерките, бидејќи многу економисти сметаат дека новите мерки за штедење би донеле повеќе штета отколку корист.

Њујорк – Американската бонитетна агенција „Стандард и Пурс“ го задржа суверениот кредитен рејтинг на Шпанија на само еден степен над нивото на „смет“, предвидувајќи слабо економско зајакнување на земјата дури во текот на следната година. Бонитетната агенција го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на Шпанија на БББ минус со негативна прогноза. Според соопштението на „Стандард и Пурс“ шпанската економија оваа година ќе опадне за 1,5 отсто, пред следната година да се врати на слаб раст од 0,6 отсто, загрозена со висока невработеност, ниски плати и намалувањето на буџетот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП