20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуск: Преговорите за Брегзит ќе продолжат во позитивна атмосфера

Туск: Преговорите за Брегзит ќе продолжат во позитивна атмосфера

Претседателот на Европскиот совет изјави дека ЕУ решила да продолжи со преговорите за Брегзит во позитивна атмосфера.

„Откако го преслушаа излагањето на премиерката Тереза Меј, земјите-членки на ЕУ потврдија дека преговорите за Брегзит ќе продолжат во позитивна атмосфера“, изјави Доналд Туск на заедничка прес-конференција со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

На крајот од дводневниот самит на лидери на ЕУ, Туск порача дека тој е подготвен за седница за Брегзит со Европскиот совет ако Мишел Барние, шефот на преговарачкото тело, даде зелено светло, односно потврди дека Британија покажала напредок.

„До сега не забележавме значителен напредок“, изјави тој.

Според Туск, прашањето за периодот на транзиција откако Кралството ќе ја напушти Европската унија не било дискутирано на самитот.

„Ако Британија побара продолжување на периодот за транзиција како предуслов за договор, сигурен сум дека лидерите ќе го земат ова предвид“, додаде Туск.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП