3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКопенхаген – најдобриот град во светот

Копенхаген – најдобриот град во светот

kopenhagen1

Данската престолнина Копенхаген е прогласена за најдобар град за живеење во светот, во изборот на британскиот тренд магазин „Monocle“.

Копенхаген, на најдобар начин одговара на потребите на современиот урбан квалитетен живот, се наведува во образложението на изборот.

На веб страната на овој магазин, кој по седми пат прогласува 25 најдобри градови за живеење во светот, се наведува дека оценувањето е „рамнотежа помеѓу напредокот и зачувувањето, стимулацијата и безбедноста и глобалното и локалното“.

Критериумите, помеѓу останатите, беа работното време и понудата на угостителските и продажните објекти, разновидноста на културната понуда, квалитетот и искористеноста на јавниот простор, климата, стапката на криминал, економијата и сиромаштијата, квалитетот и достапноста на здравствената заштита, како и сексуалната и верска слобода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП