2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUnilever извести за постојан раст на продажбата

Unilever извести за постојан раст на продажбата

Англо-холандската компанија „Unilever“ која се откажа од плановите да се пресели во Холандија овој месец, откако британските инвеститори се спротивставија на идејата, забележаа раст на продажбата за третиот квартал, откако успеала да ги пренесе повисоките трошоци за суровини на корисниците.

Производителот на сапуните „Dove“ и сладоледот „Ben & Jerry“ не ја ажурира својата позиција за поедноставување на структурата, во која има централи во две различни земји. Компанијата само рече дека ќе биде потребно време за целосно да ги пријават повратните информации на акционерите за овој потег за да се пресели централата.

Компанијата одлучи да го исклучи растот на цените во Аргентина поради високата инфлација таму. Заедно со Аргентина, растот на продажбата ќе изнесува 4,5%.

Врз основа на ова, аналитичарите очекуваат просечно зголемување на продажбата од 4,3%, според консензусот на компанијата.

„Робустен сет на резултати“, рече Џејмс Едвард Џонс, аналитичар на „RBC Capital Markets“. „По драмата околу недостатокот на единство по класи акции, сметаме дека „Unilever“ ќе биде задоволна од не особено возбудливите резултати за третиот квартал“.

„Unilever“ ги задржи прогнозите, велејќи дека очекува годишен раст на продажбата од 3 до 5%, подобрување при оперативната маргина и силни готовински текови. Компанијата додаде дека ќе ги исполни своите цели за 2020-та година.

Акциите во Велика Британија паднаа за 1,9% по информациите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП