Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Филип Поповски: ФФМ е професионална институција со единствена цел развој на македонскиот фудбал

Време: 15:30

Датум: октомври 19, 2018

Категорија: ИНТЕРВЈУ

На натпреварот против Лихтенштајн, Фудбалската федерација на Македонија одбележа значаен јубилеј, 25 години од првиот официјален натпревар на репрезентацијата на Македонија. Веројатно, ви е драго што речиси сите се одзваа на поканата, заеднички се дружевте, а на крајот Македонија го повтори резултатот од Крањ?

-Оваа година е значајна за Фудбалската федерација на Македонија поради тоа што во истата одбележуваме 25 години од одржаното прво независно Собрание на ФФМ, како и 70 години од формирањето на Фудбалскиот сојуз на Македонија. Но, несомнено, момент за паметење, 25 години од првиот натпревар на репрезентацијата на Македонија, токму на денот кога игравме против Лихтенштајн во Лига на нации и навистина беше задоволство да ги поздравиме сите кои беа дел од тој натпревар во Крањ. Драго ни е што фудбалерите, тренерите, администрацијата во таа репрезентација и новинарите ни укажаа можност скромно да им се заблагодариме и да бидеме во нивно друштво. ФФМ е отворена институција и истата се грижи за своите членови. Особено тоа го правиме кога постои меѓусебна комуникација и разбирање. Тоа беше убава можност таа репрезентација, условно, да ја запознаат и најмладите репрезентативци. Генерацијата на селекторот Дончевски во тоа време беше уникатна, вистински јунаци кои го отворија патот во натпреварувањата на македонската фудбалска репрезентација. Уште подобро што истиот резутлат од Крањ, како една симболика го повторивме и во Скопје на натпреварот против Лихтенштајн. Посакуваме сите да ги служи здравјето и да се радуваме заеднички на многу победи.

 

Во Еревaн, на натпреварот против Ерменија сите очекувавме продолжување на позитивната низа резултати на А репрезентацијата, но се случи пораз. Некои велат, добро е што се случи сега, кога работите во нашата група зависат само од нас, а не на исклучително важните дуели од плеј-оф фазата, се разбира доколку на двата последни натпревари го потврдиме првото место во групата?

Натпреварот против Ерменија одново покажа дека е тешко да се предвидат работите во денешниот фудбал. Работите во двете репрезентации беа сосема спротивни, тие имаа пораз од Гибралтар и далеку од идилична атмосфера, читавме за одредени несогласувања во тимот и низа нефудбалски работи, а ние заминавме во Ереван во одлична атмосфера, низа на резултати кои сме ги немале со А репрезентацијата и баравме потврда на првото место. Можеби се ќе се одвиваше поинаку доколку судијата, за кого поднесовме и писмо со изразено незадоволство до УЕФА, реагираше според правилата во неколку ситуации, но сега тоа е помалку важно. И селекторот и фудбалерите и ние како федерација отворено ги прифаќаме критиките за високиот пораз, но тоа нема да донесе нови последици. Напротив, сметам дека уште посериозно и со многу поголема енергија ќе се насочиме кон следните натпревари и повторно ќе се вратиме на победите. Ова е голема шанса за нас да се пласираме на Европско првенство и ќе се обидеме да ја искористиме. Заедништвото во селекцијата е на највисоко ниво, имаме меѓусебна доверба и одиме понатаму. Ако еден Горан Пандев вели дека тимот е фамилија, тогаш навистина сме на правиот пат. Генералниот секретаријат ќе биде секогаш со нив и во добро и во зло.

Пред речиси еден месец во Букурешт, на регионалниот состанок на претседатели и генерални секретари покренавте иницијатива за формирање меѓународно натпреварување за генерација на фудбалери до 15 години?

-Регионалните состаноци на овие земји членки, а сега во зголемен обем и сериозна групација која вклучува 14 асоцијација меѓу нив Турција и Русија, даваат можност да се донесат одлуки во насоки на развој на фудбалот, како и креирање на заеднички ставови кои можеме да ги презентираме пред УЕФА и ФИФА. Уште пред две години беше презентиран обидот за создавање на балканска лига, но на таа идеја сеуште се гледа скептично и со сомнеж. Поставените цели нѐ секогаш успеваат, но тоа не значи дека треба да ја промениме истата, туку да ги адаптираме активностите кои водат кон неа. Како едно решение во насока на подобрување на фудбалот, а особено во развојот на младинскиот фудбал, го гледаме овој проект кој заеднички го истакнавме сите ние, од причина што ќе допринесе кон формирање на вистински фудбалски личности започнувајќи со репрезентациите до 15 години. Секако дека ние како ФФМ и сега организираме многу пријателски и меѓународни натпревари на нашите репрезентации, (секоја наша репрезентација има минимум по 20. натпревари годишно), но ова натпреварување има и компетитивен карактер. Станува збор за играчи до 15 години кои би играле турнир систем, во времетраење од една недела. Тука би биле формирани четири групи со по четири екипи и вкупно шест мечеви во една група. По завршување на групите се играат полуфиналиња, вкупно  осум натпревари, секоја освоена позиција во групата игра со истата позиција од друга група. Потоа следи финале. Останува да се реши времетраењето на натпреварите, имајќи во предвид дека се работи за играчи до 15 години, како и кога турнирот би се случил ( под претпоставка Јануари или Јули за време на распустите). Првиот турнир ќе биде одржан во Турција. Секако секоја земја може да се кандидира да биде домаќин, но од друга страна потребни се и одредени услови, како четири стадиони, терени за тренинг итн. Имено се дава можност, на овие фудбалери да добијат искуство пред да продолжат во следните репрезентации, до 17 со изграден натпреварувачки карактер и искуство. Истото доби позитивен одговор од УЕФА, која исто така ќе партиципира преку нејзината програма да обезбеди уште две репрезентации од другите Конфедерации.

На истиот состанок, Фудбалската федерација на Македонија, заедно со останатите присутни, ја потврдија поддршката за Александар Чеферин во изборот за нов мандат како претседател на УЕФА, подоцна ја потврдивте и поддршката за претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

-Идејата за кандидатурата на Александар Чеферин дојде токму од нашиот регион и земјите кои тогаш партиципираа на овие состаноци. Ние и во изминатиот период индивидуално ја дадовме поддршката за него поради тоа што проектите и замислите на Александар Чеферин се многу значајни за развојот на европскиот фудбал, а ние како Федерација цврсто веруваме дека Чеферин заедно со целокупното семејство на УЕФА ќе продолжи да дава голем придонес и за напредокот на фудбалот во нашиот регион. Својот мандат во УЕФА го започна со јасна визија за иднината, со фокус на поголема заштита, промоција и развој на европскиот фудбал, ставајќи ја играта на прво место и штитејќи го нејзиниот интерес и интегритет. Неговата заложба е заедништво и дијалог помеѓу европските фудбалски заедници, поддржувајќи соработка со сите соработници и вклучени страни. Искрено, веруваме дека таа негова мисија ќе продолжи и во иднина. Истиот овој став беше истакнат за време на регионалниот состанок на кој сите ние безрезервно се согласивме. Тоа е начинот на кој функционира и ФИФА со Џани Инфантино. Во изминатиот период Џани Инфантино докажа дека е исклучителен лидер спроведувајќи низа новитети и реформи во Светската фудбалска Асоцијација, a ФФМ ќе продолжи да го дава својот придонес во насока на реализација на идеите и идните проекти кои секогаш се насочени кон развој на фудбалот. 

 

Фудбалската федерација на Македонија во изминатите години стана важен „играч“ во друштвото на „големите“ асоцијации, тука не зборуваме само за блиските релации со водечките луѓе на УЕФА и ФИФА, туку и во односите меѓу федерациите?

-Во целокупното наше работење, како во изминатиот период така и сега,  една од целите е да креираме мостови и да се поврзуваме со останатите земји, не само во регионот. Тоа успешно го правиме со сите членки на УЕФА, а во некои случаи и на ФИФА, односно со земјите надвор од Европа. Нашата федерација на меѓународните состаноци не комуницира  и не се групира само со земјите од нашето говорно подрачје. Нашите работни состаноци надвор од државата ги користиме максимално да размениме информации и оствариме средби со нашите колеги во изнаоѓање на заеднички решенија на одредени проблеми, меѓусебни проекти кои имаат за цел заеднички придобивки. Како еден од последните проекти е проектот со тренерите и асоцијациите на ПАОК, Магдебург и Пескара кој ќе се случи следната година во јуни во Македонија. Морам да истакнам дека имаме одличен однос со една од најмоќните федерации, како англиската, во месец мај, наша делегација, односно техничкиот директор и тренерите од ФФМ академијата имаа можност да го посетат тренинг кампот Ст. Џорџ во Англија и да имаат одредени состаноци со свои колеги вклучувајќи и други земји, а еве веќе и нашата репрезентација до 19 години одигра пријателски натпревар со своите врсници. Во наредниот период ќе имаме состаноци на највисоко ниво со Англиската асоцијација. Работиме и понатаму да создаваме  можности за сите, затоа што без разлика на големината на земјите сите ние сме исти и еднакви пред нашите принципали УЕФА и ФИФА и имаме исто право на глас. Во овој момент нашата федерација ужива големо реноме помеѓу сите. Само со професионален однос кон работата нашите врати кон сите се отворени и нашата намера и во иднина е да ја одржуваме комуникацијата и контактите и да ги подигнеме на уште повисоко ниво.

 

Последниот проект на кој работевте е заеднички со ОБСЕ и МВР, а се однесува на говорот на омраза на стадионите и кампањата која заеднички ќе ја започнете со клубовите.

Да, ние како федерација мораме да делуваме во насока на почит кон сите – од фудбалерите, преку судиите, службените лица, до навивачите и публиката на стадионите. Нас ни е исклучително драго што оваа федерација, институции како МВР или ОБСЕ ја сметаат за најдобрата во нашата држава од аспект на работите кои обичните луѓе на стадионите не ги гледаат, а се однесуваат на организацијата на натпреварите, безбедноста и пораките кои ги праќаме за еднаквост кон сите. Заедно со клубовите, со ОБСЕ и МВР ќе започнеме нова кампања која има за цел уште повеќе да не зближува. Во таа насока многу голема работа правиме со натпреварите од Детска лига, тоа е пример како треба да се однесуваат сите, иако се работи за деца од најмала возрасна категорија. Од таа причина, ФФМ уште повеќе ја зацрвтува Детската лига, во периодов ќе организираме советодавни семинари и за родителите, а како никогаш досега ќе донираме опрема, дресови и топки на сите учесници во лигата.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Интервју со Анита Ангеловска-Бежоска, гувернер на Народната банка на Република Македонија

    Интервју со Анита Ангеловска-Бежоска, гувернер на Народната банка на Република Македонија

    Анита Ангеловска-Бежоска стапи на функцијата гувернер на Народната банка на Република Македонија во мај 2018 година, со речиси дванаесетгодишно претходно работно искуство во институцијата. Во…

  • Интервју со Анита Спасовска – генерален директор на Бучен Козјак Куманово

    Интервју со Анита Спасовска – генерален директор на Бучен Козјак Куманово

    Денар: Бучен Козјак е млекарница која е позиционирана како фамилијарна и традиционална. Во која развојна фаза се наоѓа сега млекарницата? А: Бучен Козјак постои 35…

  • Интервју со г-ѓа Валентина Тасева, генерална директорка на Семос Едукација

    Интервју со г-ѓа Валентина Тасева, генерална директорка на Семос Едукација

    Валентина Тасева: Од Electronic Arts се вратив со нова визија и развиен бизнис план Интервју со г-ѓа Валентина Тасева, генерална директорка на Семос Едукација и…

  • Интервју со Радослав Нановиќ, генерален директор на DHL Македонија

    Интервју со Радослав Нановиќ, генерален директор на DHL Македонија

    Радослав Нановиќ: Иднината со DHL ќе биде уште поинтересна и спектакуларна Денар: Годинава, DHL Македонија одбележа 25 години постоење во земјава. Како би ги претставиле…

  • Интервју со Рок Сајовиц – експерт за ИТ сервис менаџмент и говорник на Националната конференција за проектен и ИТ менаџмент

    Интервју со Рок Сајовиц – експерт за ИТ сервис менаџмент и говорник на Националната конференција за проектен и ИТ менаџмент

    ИТ експерт со огромно работно искуство како во јавниот, така и во приватниот ИТ сектор во Словенија. Во 2007 година, г. Сајовиц основа сопствена комапнија…

  • Интервју со Влатко Смилески, Директор на Орифлеим Македонија

    Интервју со Влатко Смилески, Директор на Орифлеим Македонија

    Денар:Каков е предизвикот да се работи во ваква реномирана козметичка шведска компанија? – Орифлеим е без двоумење најдобрата компанија за која сум работел во својата…

  • Интервју со Миро Крстевски, заменик директор во Пункт Мебел

    Интервју со Миро Крстевски, заменик директор во Пункт Мебел

    Денар: Високиот квалитет, модерниот дизајн, удобноста и трајноста се синоними кога станува збор за Пункт Мебел? Колку време ви требаше за да дојдете до таа…

  • Интервју со Мери Каровска, сопственик на Каровска ДООЕЛ

    Интервју со Мери Каровска, сопственик на Каровска ДООЕЛ

    Денар: г-ѓа Каровска, која е основата дејност на  Каровска ДООЕЛ, кои услуги ги нудите? -Каровска ДООЕЛ е Друштво за економско сметководствени услуги и даночно советување…

  • Интервју со Предраг Милошевски, член на управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

    Интервју со Предраг Милошевски, член на управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

    Помладите со мал износ можат да заштедат значајна сума за нивните пензионерски денови “Финансиската култура и планирањето на финансиите на нашите граѓани сѐ уште не…

  • Интервју со Соња Шмуц, генерален менаџер на Словенечката стопанска и индустриска комора

    Интервју со Соња Шмуц, генерален менаџер на Словенечката стопанска и индустриска комора

    “Единствените граници со кои треба да се справиме се оние во нашиот ум!” Денар:Ве молиме кажете ни нешто за себе и за почетоците на вашата…