30 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗголемете ја продуктивноста на работа со овие совети

Зголемете ја продуктивноста на работа со овие совети

Сигурно ви се случило толку да сте натрупани со работа така што не знаете каде сте и што да направите, но сепак не треба да дозволите тоа да ви го расипе денот. Ако ги следите овие три совети за продуктивност многу лесно ќе се изборите со сите обврски на работа.

1. Слушајте класична музика

Смирувачките звуци на класичната музика не само што ја блокираат бучавата во канцеларијата, туку имаат и позитивно влијание врз фокусирањето и креативноста.

2. Пронајдете го вашиот фокус

Научете да ги слушате потребите на вашето тело, одморете кога е потребно и потоа повторно започнете со работа освежени и обновени. Во текот на денот, речиси на секои 90 минути ви опаѓа концентрацијата. Телото тогаш бара краток одмор, дозволете си го тоа.

3. Гледајте слатки кученца

65762_kucici-shutterstock-144676718_630x0

Иако звучи контрадикторно сепак гледањето на разиграни кученца и мачиња нема да ве одвлече од работата, туку ќе ви помогне да биде попродуктивни. Според едно јапонско истражување, со гледањето на слики од слатки кученца и мачиња ќе го поправите расположението и вкупниот учинок на работа (сепак не правете го тоа премногу често).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП