ЕКОНОМИЈА

Енрико Лета со нови мерки ги штити граѓаните во криза

enrikoleta1

Никој повеќе нема да може да изврши присилна наплата на стан во кој се живее, ова е една од новите мерки кои ги усвои владата на премиерот Енрико Лета.

Лета со оваа одлука ги штити граѓаните, а судовите повеќе нема да можат да извршат присилна наплата на становите во кои се живее, односно станови кои се единствени домови за луѓето кои живеат во нив.

Исто така, продолжена е од два на осум месеци и можноста за неплаќање на рата за станбен кредит, пред банката да поднесе барање за прекин на исплаќањето на кредитот во рати и враќање на парите.

Италија воведува и ефтина тарифа на електрична енергија за сиромашните граѓаните, а ќе бидат иницирани и инфраструктурни работи кои ќе вработат околу 30 илјади Италијанци, се предвидува намалување на бирократијата, но и нови 1.500 професори и лекари.

Од погодностите тука е и либерализацијата на интернетот, а укинати ќе бидат и голем број на даноци за сиромашното население и семејствата со поголем број на деца.