19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа продажба конфискувани биткоини во вредност од 4,3 милиони долари

На продажба конфискувани биткоини во вредност од 4,3 милиони долари

Следниот месец, биткони вредни 4,3 милиони американски долари ќе бидат на аукција од страна на американската Маршалска служба.

Властите наведува во соопштението дека криптовалутата која изнесува околу 660 биткоини, е собрана во резултат на запленети материјали од најразлични криминални, граѓански и административни случаи, пренесува „CoinDesk“.

Акуцијата е закажана за 5-ти ноември, а сите кои сакаат да учествуваат треба да поднесат депозит во износ од 200.000 долари и да пријават идентитетот во агенцијата до крајот на овој месец.

На аукцијата ќе бидат понудени 6 блокови, кои содржат по 100 биткоини секој и еден со 60 биткоини во него.

Наддавачите нема да можат да ги гледаат понудите на конкурентите, а освен тоа нема да можат да ја менуваат цената што ја дален, штом еднаш го направиле барањето, додаваат од Маршалската служба.

Властите велат дека биткоините се конфискувани како резултат на голем број случаи, вклучувајќи го случајот против трговците Тереза ​​Тетли и Томас Констанца, кои се во затвор за перење пари преку виртуелни валути.

Иако властите не посочуваат колку точно од биткоините се запленети од горенаведените двајца измамници, претходни извештаи покажуваат дека од двајцата биле запленети вкупно 120 биткоини – 40 од Тетли и 80 од Констанца.

Одржувањето на аукцијата доаѓа месеци откако Маршалската служба на САД продаде над 2.100 биткоини и 3.600 биткоини, соодветно на аукции во март и јануари оваа година.

Продадените криптовалути беа во вредност од 50 милиони долари во тоа време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП