Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Министерствата и општините имаат 2.645 возила, најскапите се во МНР, МВР и финансии

Време: 15:15

Датум: октомври 18, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Министерствата и општините имаат 2.645 автомобили. Министерствата имаат 2.215 возила вредни 27,2 милиони евра, додека општините имаат 430 возила во вредност од 5,7 милиони евра.

Ова го покажува податоците на Центарот за граѓански комуникации кои денеска ги објавија.

Во соопштението наведуваат дека за 2.008 возила набавната вредност е  33 милиони евра, додека за 637 патнички возила институциите немаат доставено податоци за набавната вредност.

– И централната и локалната власт најмногу возат возила од марките  „шкода“, „фолксваген“ и „форд“. Сепак, сите пет најскапи возила се „мерцедес“ купени од министерствата за внатрешни работи (572.780 евра), за надворешни работи (81.301 евра) и за финансии (76.768 евра), како и општините Свети Николе (77.839 евра) и Кавадарци (70.075 евра),  наведуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Изворните податоци се обезбедени преку 97 институции. Од Центарот за граѓански комуникации посочуват дека биле потребни повеќе од три месеци само да се приберат информациите што, како што наведуваат, говори за ниското ниво на отчетност и воопшто на прецизна евиденција за имотот со кој се располага.

Оваа база на податоци, стои во соопштението, е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамки на проектот Јавно трошење за јавно добро, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Целта на проектот што го спроведува ЦГК е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Австралија ја промени дефиницијата за јагниња за да го поттикне извозот

    Австралија ја промени дефиницијата за јагниња за да го поттикне извозот

    Австралиската влада ја смени дефиницијата за јагниња со цел да го стимулира извозот. Министерот за земјоделство, Дејвид Литлпрауд, денеска објави дека во иднина како јагниња…

  • 4-та сезона на „Арена“ е предизвик за сите оние кои што сакаат да си го проверат знаењето

    4-та сезона на „Арена“ е предизвик за сите оние кои што сакаат да си го проверат знаењето

    Од оваа нова сезона на „Арена“ победникот ќе освои 120.000 денари Единствениот квиз на знење во Македонија, квизот „Арена“, кој се емитува на Алфа ТВ…

  • ССК: Намалување на јазот помеѓу потребите и понудата на пазарот на трудот

    ССК: Намалување на јазот помеѓу потребите и понудата на пазарот на трудот

    Недостигот од квалификувана работна сила во македонската економија е сѐ поизразен, а дизбалансот на пазарот на труд е предизвик за стопанствениците, беше истакнато на денешната…

  • Фондот за иновации избра софтверско решение

    Фондот за иновации избра софтверско решение

    Иновативното решение на компанијата „Некстсенс ДОО“ е избрано како прворангирано на Јавниот повик за финансирање на проект за изработка на информациски систем за управување во…

  • До крајот на векот, штетите од поплавите во ЕУ би можеле да достигнат 100 милијарди евра годишно

    До крајот на векот, штетите од поплавите во ЕУ би можеле да достигнат 100 милијарди евра годишно

    Европскиот суд на ревизори (ECA) презентираше проценка на спроведувањето на европските барања за превенција од поплави. Според документот, постојат големи предизвици за справување со варијабилноста…

  • САД воведоа нови санкции поради испoраки на нафта во Сирија

    САД воведоа нови санкции поради испoраки на нафта во Сирија

    САД воведоа нови санкции за шест поединци и три компании поради тоа што испорачувале нафта во Сирија, соопшти Министерството за финансии на САД. Според соопштението,…

  • Зголемени средствата за вториот повик за печките на пелети

    Зголемени средствата за вториот повик за печките на пелети

    Владата ги зголеми средствата за вториот повик за печките на пелети. По вчерашната седницата, Владата соопшти дека ги зголемила средствата за поддршка на трошоците за купување…

  • Дождливо со температура до 16 степени

    Дождливо со температура до 16 степени

    Претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе имаат пороен карактер, а во југоисточните делови ќе бидат проследени со ретки грмежи. Во…

  • Странците во Црна Гора инвестирале речиси 600 милиони евра

    Странците во Црна Гора инвестирале речиси 600 милиони евра

    Нето-приливот на странски директни инвестиции во Црна Гора изнесува 218,39 милиони евра во првите девет месеци од 2018 година, покажуваат прелиминарните податоци од Централната банка…

  • Николовски: Со развој на земјоделските задруги до поголеми економски и социјални придобивки

    Николовски: Со развој на земјоделските задруги до поголеми економски и социјални придобивки

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска ја отвори 3. сесија на работната група за земјоделство и рурален развој организиранa од Националната конвенција…