25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродажбата на автомобили во ЕУ пораснала за 2,5 проценти

Продажбата на автомобили во ЕУ пораснала за 2,5 проценти

Побарувачката на патнички автомобили во Европската Унија во периодот од јануари до септември пораснала за 2,5 проценти, соопшти Европската асоцијација на автомобилски производители (АЦЕА).

Асоцијацијата вели дека во последните девет месеци се регистирале 12 милиони нови автомобили.

„Ако ги погледнеме петте најголеми пазари во Европа, побарувачката во Шпанија е покачена за 11,7 проценти, во Франција за 6,5 проценти, а во Германија 2,4 проценти. Спротивно на ова, во Италија побарувачката е опадната за 2,8 проценти, додека, пак, во Британија за 7,5 проценти“, велат од АЦЕА.

Во овој деветмесечен период најголемата заработка од патнички автомобили е забележана (24.2 проценти) кај „ФВ Груп“ чии главни брендови се „Фолксваген“, „Ауди“, „Шкода“, „Сеат“ и „Порше“. Заработката на групацијата пораснала за 5,6 на годишно ниво.

Зад неа се „ПСА Груп“, која е сопственик на „Пежо“, „Цитроен“ и „Опел“ со 16,2 проценти, и „Рено груп“ која ги поседува брендовите „Рено“, „Дачиа“, „Лада“ и „Алпин“ – со 10,7 проценти од вкупната заработка на пазарот.

Во 2017, повеќе од 15 милиони автомобили биле продадени во ЕУ, што значи пораст од 3,4 проценти за разлика од претходната година.

ЕУ е главен пазар за извоз на автомобили во Турција, каде како најпопуларни производители се јавуваат „Фиат“, „Форд“, „Хонда“, „Хундаи“, „Рено“ и „Тојота“.

Минатата година, околу 80 проценти од вкупниот извоз на автомобили од Турција биле во земјите ЕУ, со заработка од 22 милијарди долари и пораст од 17 проценти на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП