28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠkoda го претстави Kodiaq GT (фото)

Škoda го претстави Kodiaq GT (фото)

„Škoda Kodiaq GT“ е заснован на регуларниот „SUV“ – „Kodiaq“, од кој се разликува по задниот дел кој има дизајн карактеристичен за модерните купе-кросовери.

Автомобилот е развиен специјално за Кина, што не чуди со оглед дека во „Škodа“ тврдат дека таа држава е значително важна за компанијата. „Kodiaq GT“ ќе биде четвртиот по ред „SUV“ на чешкиот производител кој ќе се продава во земјата со најмногу жители, покрај „Karoq“, „Kodiaq“ и моделот „Kamiq“ (исто така кинески екслузивитет).

Новиот модел на „Škodа“ со должина од 4,63 метри, во Кина ќе се продава во две верзии – двете со 2.0-литарски „TSI“ тубро бензинец.

Послабиот мотор испорачува 186 ks и пристигнува со преден погон, а помоќниот нуди 220 „коња“, погон на сите 4 тркала и седумбрзински „DSG“ менувач со двојно квачило како стандарден дел од опремата.

„Kodiaq GT“ ќе дебитира на саемот за автомобили во кинескиот град Гуагжу, кој се оддржува од 16 до 25-ти ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП