Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Просечниот Македонец должи 1.200 евра – намален бројот на блокирани сметки

Време: 15:00

Датум: октомври 17, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Просечниот Македонец има кредит од речиси 1.200 евра. Во исто време со растот на задолжувањето има пад на бројот на блокирани сметки. Ова покажува дека граѓаните стануваат подисциплинирани во намирувањето на обврските.

Пад на бројот на граѓани и фирми со блокирани сметки

Заклучно со јуни годинава во Македонија имало 80.632 граѓани со блокирани сметки. Во споредба со истиот месец лани нивниот број е намален за 504. Во истиот период имало 29.183 компании со блокирана сметка што е намалување за 4.813. Но, бидејќи и граѓаните и фирмите најчесто имаат по неколку трансакциски сметки вкупниот број на блокирани сметки е многу поголем и достигнува 233.412 Ова го покажуваат најновите податоци на Народната Банка (НБРМ).

Бројот на граѓани со блокирани сметки бил највисок во октомври 2016-та кога надминал 93 илјади, оттогаш има тренд на постепено намалување.

Кај компаниите, најмногу блокирани имало во октомври 2015-та, кога биле над 45 илјади.

Граѓаните и фирмите се позадолжени – раст на кредитите

Македонските граѓани на банките им должат 2 милијарди и 470 милиони евра. За една година вкупните кредити се зголемиле за 173 милиони евра. Со тоа просечниот Македонец има кредит од речиси илјада и двесте евра.

Според најновите податоци на Народната Банка (НБРМ), заклучно со август, најголем дел од кредитите се денарски (1 милијарда и 364 милиони евра), додека помал дел се со девизна клаузула или во странска валута (1 милијарда и 105 милион евра).

„Продолжи и трендот на зголемување на кредитната поддршка на населението. Депозитните и кредитните текови во текот на третиот квартал се повисоки од очекуваните за овој период, при што и нивото на депозитите и на кредитите во септември го надминува проектираното“ се наведува во заклучокот на Комитетот за монетарна политика на НБРМ.

УЈП побарува речиси 160 милиони евра

Меѓу поголемите доверители е и државата. Граѓаните и компаниите, но и јавните претпријатија на Управата за јавни приходи (УЈП) и должат речиси 160 милиони евра по основ на неплатен ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси и царини.

На последната листа должници се објавени долговите кои биле доспеани до крајот на јуни, а не се платени до крајот на септември годинава.

Од Управата информираат дека сумата за последниот месец е помала за 8.5 милиони евра. Бројот на фирми должници е намален за над 2.000, додека на последната листа се објавени дваесетина должници помалку меѓу физичките лица, за разлика од претходната.

Број еден на листата и натаму е Отекс Охрид со долг од над 14.3 милиони евра. На второто место е Ел Дон Кастилло Скопје со речиси 7.3 милиони. Трета е Индустрија Ел Азтека исто така со речиси 7.3 милиони.

На списокот должници повторно има и дузина јавни претпријатија, а најголем должник е Македонија пат од која државата побарува речиси 6 милиони евра.

К. Н.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Царовска: Градиме систем во кој никој нема да биде заборавен

    Царовска: Градиме систем во кој никој нема да биде заборавен

    „Наша цел е да изградиме систем на социјална заштита кој обезбедува квалитетен живот за сите и од кој ќе има бенефит целото општество, а не…

  • ИЈЗ: Регистрирани 281 заболен од грип

    ИЈЗ: Регистрирани 281 заболен од грип

    Во текот на изминатата недела (од 7 јануари до 13 јануари) се регистрирани 281 заболен од грип, што е зголемување за 43,4 отсто споредено со…

  • Канада во следните три години ќе прими повеќе од еден милион мигранти

    Канада во следните три години ќе прими повеќе од еден милион мигранти

    Во годишниот извештај за 2018 година, кој парламентот го упати до канадскиот министер за миграција, Ахмед Хасен, стои дека од 2019 до 2022 година ќе…

  • Берлин навести дека треба повторно да се отвори договорот за Брегзит

    Берлин навести дека треба повторно да се отвори договорот за Брегзит

    Германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас изјави дека е потребно започнување на дискусија за повторно отворање на договорот за планираното излегување на Велика Британија…

  • Трамп ја откажа делегацијата на Светскиот економски форум во Давос

    Трамп ја откажа делегацијата на Светскиот економски форум во Давос

    Претставниците на администрацијата на Трамп нема да отпатуваат на Светскиот економски форум во Давос овој месец, во контекст на делумната блокада на владата, пренесува „Брејтбарт“.…

  • Николовски на најголемиот светски саем за храна и земјоделство „Зелена недела“ во Берлин

    Николовски на најголемиот светски саем за храна и земјоделство „Зелена недела“ во Берлин

    Од денеска, па и наредните три дена министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ќе биде во официјална посета на најголемиот светски саем за…

  • Облачно и ветровито, со услови за дожд

    Облачно и ветровито, со услови за дожд

    Времето денеска ќе биде претежно облачно, по котлините магливо. Во југозападните делови ќе има слаб локален дожд, во Пелагонија со услови за замрзнат дожд. Ќе…

  • Aнѓушев и Дончев: Подобрена е соработката меѓу Македонија и Бугарија

    Aнѓушев и Дончев: Подобрена е соработката меѓу Македонија и Бугарија

    Подобрена е меѓусебната соработка и правиме конкретни чекори за уште поголеми економски придобивки за двете земји. Ваква е оценката на заменик-претседателот на Владата, Кочо Анѓушев,…

  • Германскиот извоз на оружје паднал за една четвртина

    Германскиот извоз на оружје паднал за една четвртина

    Извозот на германско оружје паднал во 2018 година речиси една четвртина во споредба со претходните години, соопшти германската влада. „Германската влада во 2018 година одобрила…

  • Бабовски: Продолжен рокот за аплицирање за поврат на пари за камати од ИПАРД-програмата

    Бабовски: Продолжен рокот за аплицирање за поврат на пари за камати од ИПАРД-програмата

    Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го продолжи рокот за аплицирање за поврат на средствата за камати за реализирани инвестиции по ИПАРД-програмата…