7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle со балони во стратосферата ќе обезбеди интернет за сите

Google со балони во стратосферата ќе обезбеди интернет за сите

google3

Американската компанија „Google“ лансираше пробни балони во стратосферата за да обезбеди пристап до интерент за луѓето во оддалечените области.

Триесет балони беа лансирани од Нов Зеланд, од каде тие ќе се движат по контролиран пат.

Опремата во балоните ќе обезбеди 3G брзина на интернет за 500 корисници во таа земја.

Пристапот на интеренет ќе биде повремен, но „Google“ се надева дека во иднина ќе оформи доволно голема флота на балони кои на луѓето во оддалечените области ќе им овозможи сигурен пристап до глобалната мрежа во целиот свет.

Во соопштението се истакнува дека балоните подоцна би можеле да бидат пренасочени во областите кои се погодени од катастрофи, со што ќе се помогне во спасувачките напори во случај на оштетување на комуникациската опрема.

Меѓутоа, некои експерти предупредуваат дека тежок ќе биде процесот на управување со повеќе илјади балони на големите височини во светот поради воздушните струи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП