8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвростат: Во Хрватска има 1,2 милион сиромашни

Евростат: Во Хрватска има 1,2 милион сиромашни

Во Хрватска 27,8 отсто од вкупното население живеат на работ на сиромаштијата, што е речиси 1,2 милион луѓе, објави Евростат.

Оваа бројка ја сместува Хрватска на врвот на европските земји со голема опасност од сиромаштија. Хрватска бележи помал ризик од 6 земји членки на Унијата, а поголем ризик од 21 членка.

Речиси 20 отсто од луѓето во Хрватска се во опасност од сиромаштија иако примаат социјална помош, а 10,3 отсто од населението не може да си дозволи четири од девет материјални добра потребни за живот. Тоа се однесува на плаќање сметки, неочекувани трошоци, не поседуваат автомобил, телевизор, не се хранат со протеински богата храна секои два дена, како риба или месо, и не може да си дозволат седумдневно патување или одмор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП