29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАТТО бара поедноставни царински постапки за поголема трговија со Турција

МАТТО бара поедноставни царински постапки за поголема трговија со Турција

Стопанската комора Македонија Турција – МАТТО денеска пред директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски ги повтори барањата за либерализација на Договорот за слободна трговија меѓу двете земји во делот на земјоделско-прехранбените производи, за забрзување на царинските постапки во прекуграничните процедури, како и за либерализација на трговијата со Тунис, Мароко и Алжир со кои Турција веќе има преференцијална трговија во рамки на Регионалната конвенција и еуро-медитеранските преференцијални правила за потекло.

Како што беше истакнато на средбата што ја иницираше МАТТО, трговската размена со Турција до крајот на годината ќе се зголемува, но долгорочно растот ќе зависи од зголемувањето на турските инвестиции во Македонија.

Директорот Танасоски информира дека царинската политика е во насока на поттикнување на извозот и увозот, односно на економскиот раст преку олеснување на царинските процедури: воведување овластен економски промотор, електронска обработка на царинските декларации, намалување глоби и подобрување на инфраструктурата на граничните премини Табановце, Ќафасан и Јажинце.

Според податоците од Државниот завод за статистика, во првите осум месеци од годината трговската размена на Македонија и Турција изнесува 334,34 милиони долари, што е 19 отсто повеќе од истиот период лани. Извозот изнесува 63,8 милиони долари што е раст од 22 процента, а увозот достигнал 270,48 милиони или 18,2 отсто повеќе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП