5 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија ќе постигне договор за брегзит со ЕУ, вели Меј

Британија ќе постигне договор за брегзит со ЕУ, вели Меј

Премиерката на Велика Британија вели дека несогласувањата помеѓу Британија и Европската Унија не треба да се причина да не се постигне договор за брегзит.

„Верувам дека ќе преговараме и ќе постигнеме договор кој е најдобар и за Кралството и за Унијата“, изјави Меј во парламентот.

„Цврсто верувам дека овој договор е возможен“, додаде Меј.

Меј посочи дека двете страни се во последните етапи на преговорите.

„Сега е време да размислуваме со ладна глава. Да ги избистриме мислите и да се фокусираме на оние малку, но сепак критични прашања што треба да се решат“, додава Меј.

Официјално, Кралството треба да ја напушти Унијата на 29 март, 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар