24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Ауди“ казнет со 800 милиони евра поради издувни гасови

„Ауди“ казнет со 800 милиони евра поради издувни гасови

Германскиот производител на автомобили „Ауди“ е казнет 800 милиони евра поради тоа што произведувал и продавал возила со дизел, кои емитуваат штетни издувни гасови повеќе отколку што е дозволено.

Образложувајќи ја одлуката, јавниот обвинител во Минхен рекол дека „Ауди“ не ја изпочитувал законската обврска, туку продавал автомобили со мотори што не ги исполнувале прописните стандарди за емисии на штетни гасови, пренесе АП.

Тој прецизирал дека се работи за 4,9 милиони автомобили кои „Ауди“ ги продал во Европа, САД и на други континенти од 2004 година до денеска.

Во септември 2015 година „Фолксваген“, кој е дел од групата „Ауди“, признал дека неговите експерти во околу 11 милиони автомобили го преправиле софтверот за да може на тестовите да прикажува дека нивото на штетни издувни гасови е во дозволените граници, иако бил значително зголемен.

Обвинителот навел дека заклучоците од случајот против компанијата нема да влијае на посебната истрага што се води против повеќе директори на „Ауди“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП