6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААеродром ќе субвенционира печки на пелети

Аеродром ќе субвенционира печки на пелети

Општина Аеродром со 560 000 денари ќе субвенционира печки на пелети за семејствата на територија на општината коишто не се приклучени на градската мрежа за парно греење, најави на прес-конференција градоначалникот на Општината, Златко Марин.

Секое домаќинство може да добие најмногу 15 000 денари.

Градоначалникот појасни дека огласот ќе биде прецизиран на следната седница на Совет, а по распишувањето граѓаните ќе можат да аплицираат за субвенцијата.

„Општина Аеродром за оваа година има предвидено во буџетот 300 000 евра за заштита на животната средина, што е за 20 пати повеќе отколку сите досегашни буџети“, рече градоначалникот Марин.

Општината, како што додаде, веќе инвестирала во прочистувачи на воздух во сите градинки, а во зависност од буџетот за следната година, Марин најави прочистувачи и за основните училишта.

Во рамки на грижата за заштита на животна средина, градоначалникот соопшти дека 1 800 нови садници ќе бидат засадени на територијата на Аеродром, а ќе бидат направени и четири нови паркови во Мичурин и во стар Аеродром.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП