2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсмани: Почнувајќи го скрининг-процесот, Македонија станува топ бизнис-дестинација за европските компании

Османи: Почнувајќи го скрининг-процесот, Македонија станува топ бизнис-дестинација за европските компании

Македонија и Шведска имаат исклучително позитивни и пријателски политички односи, што претставува широк потенцијал за соработка и на двете економии, порача заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, на средбата со Карл Јохан Хедберг и Един Чолак, претставници на „Бизнис Шведска“, чија улога е да ги истражат и промовираат бизнис-потенцијалите за шведските компании.

Османи ги посочи активностите на шведската држава како во напредокот не европските и евро-атлантските интеграции на земјата, така и на директната билатерална помош што Шведска ја обезбедува за Македонија.

„Македонија се наоѓа на почеток од последната фаза за полноправно членство во Европската Унијата – објаснувачкиот скрининг пред почетокот на преговорите, што значи и целосна синхронизација на нашата економија и општество со она на Унијата“ – истакна Османи, посочувајќи го следниот период како најдобра бизнис-можност за директни странски инвестиции, со оглед на политичкиот, институционалниот и општествениот напредок кој земјава го очекува.

„Бизнис Шведска“ (Business Sweden) претставува партнерска институција на Владата и шведскиот бизнис-сектор, чија улога е да обезбеди потенцијал за економска и бизнис-размена на шведската економија, да ги утврди и промовира бизнис и економските можности за соработка и да обезбеди пристап на шведските компаниите до странските пазари и можности за инвестирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП