20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуск: Најверојатно, нема да има договор за брегзит

Туск: Најверојатно, нема да има договор за брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека 27-те земји членки на ЕУ што ќе останат во блокот по излезот на Велика Британија мора да бидат подготвени за тоа дека, најверојатно, нема да има договор за брегзит, но не треба да се откажуваат од изнаоѓање решение.

„Да бидам апсолутно јасен. Фактот дека се подготвуваме оти нема да дојде до договор нè води далеку од напорите да се постигне најдобар можен договор… Да не се откажуваме“, напиша Туск во писмото за самитот на ЕУ што ќе се одржи в среда и в четврток.

Тој додаде дека ја повикал својата колешка, британската премиерка Тереза Меј, да се обрати на самитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП