5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАХакерите шпиунираат преку веб-камерата

Хакерите шпиунираат преку веб-камерата

loook

Познавате ли некои луѓе кои лепат нешто преку камерата на својот лаптоп за воајерите да неможе да ги гледаат што прават? Мислите дека се луди? Епа изгледа дека не се!

Според едно истражување се покажа дека хакерите може да снимаат фотографии користејќи ја вашата веб-камера и пребарувач. Нормално без ваше знаење.

Советникот за компјутерска безбедност Егор Хомаков открил како хакерите со помош на неколку „стари“ трикови можат да ја заобиколат дозволата на сопственикот на компјутерот и може да се поврзат со камерата и микрофонот на неговиот компјутер.

Едноставно кажано, дозволата за пристап ја поддавале под копче кое со сигурност ќе го кликнете, да речеме „Play“ на видео. Кога е аткивен овој „bug“ е скоро неприметен, а единствен знак дека нешто не е во ред е краткото треперење на „LED“ индикаторот на камерата, кое може воопшто да не го забележите.

Техниката наречена „clickjacking“ не е нова. Згора на тоа во светот на хакерите е добро позната. Дури „Adobe“ на официјалниот блог уште во 2011-та година објави дека го отстраниле истиот или сличен „bug“ од нивниот „Flash Player“.

Се чини дека сепак неуспеале. Во „Tech Crunch“ го пронајдоа на новиот „Chrome“ и „Internet Explorer 10“, но не и на новите изданија на „Safari“ и „Firefox“.

Како да се заштитите себе си? Покрај лепенката на камерата, што е малку чудно, но е доста ефикасно, можете привремено или трајно да го смените пребарувачот или да ја исклучите камерата. Нормално внимавајте каде и што кликате!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП