19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ воведува низа на санкции против употребата на хемиско оружје

ЕУ воведува низа на санкции против употребата на хемиско оружје

Советот на министри за надворешни работи на Европската Унија усвоија новa низа на рестриктивни мерки за ограничување на употребата и ширењето на хемиското оружје.

ЕУ сега ќе може да наметне санкции за лицата и субјектите вклучени во развојот и употребата на хемиското оружје насекаде, без оглед на нивната националност и локација.

„Рестриктивните мерки се во насока на лица или ентитети кои се директно одговорни за развој и употреба на хемиско оружје, како и оние кои обезбедуваат финансиска, техничка и материјална поддршка, оние кои им помагаат, поддржуваат или се поврзани со нив”, се вели во соопштението на Советот на ЕУ .

Санкциите се состојат од забрана за патување во ЕУ и замрзнување на средствата на лица и замрзнување на средствата на ентитетот. Покрај тоа, на лицата и субјектите во ЕУ им е забрането да даваат средства за санкции.

Советот на ЕУ, објасни дека оваа одлука придонесува кон напорите на ЕУ за спречување на ширењето и употреба на хемиско оружје, која „претставува сериозна закана за меѓународната безбедност”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП