18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатарците заработуваат најмногу пари годишно

Катарците заработуваат најмногу пари годишно

Катар е на прво место во светот по висината на заработувачка на годишно ниво. Во оваа земја, чија популација е околу 2,5 милиони, секој поединец на годишно ниво заработува по 124 930 долари.

На второ место е Луксембург, каде што годишната заработувачка во просек е 109 190 долари. Сингапур е на трето место со 90 530 долари просечно годишна заработувачка по лице.

На четврто место е Брунеи, со 400 000 жители, каде што просечната заработувачка по лице е 76 740 долари. Скандинавските земји со преку 5 милиони жители се надвор од првите пет најбогати земји во светот. Просечната заработувачка во Норвешка е 70 590 долари.

Во Обединетите Арапски Емирати просечната заработувачка е 68.250 илјади долари по лице, а следува Швајцарија со 61 630 долари.

Последни на листата се Хонгконг, Сан Марино, САД и Саудиска Арабија, каде што просечната заработувачка е под 60 илјади долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП