25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денес топли радијатори – почнува грејната сезона

Од денес топли радијатори – почнува грејната сезона

Граѓаните и правните субјекти во Скопје кои се поврзани на централниот систем на топлинска енергија, од денес, 15-ти октомври 2018-та година ќе почнат да добиваат топлинска енергија, сe до 15-ти април 2019-та, кога трае регулираниот период за редовна испорака, информираат од „БЕГ снабдување“.

„Во рамките на овој период, испораката на топлинска енергија се врши по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури. Овие правила и дијаграми се утврдени во регулативата за испорака на топлина до потрошувачите одобрена од Регулаторната комисија за енергетика“, соопшти компанијата.

Годинава, споредено со лани, бројот на нови потрошувачи е зголемен.

„За сите детали за испораката на топлинска енергија, потрошувачите може да се информираат на веб-страницата www.beg-snabduvanje.com.mk (Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија Прилог 3), или да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонскиот број 02 3076 200 и на 075 400 100 или преку е-пошта на: [email protected] “, се додава во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП