18 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали треба да го прескокнете бизнис планот?

Дали треба да го прескокнете бизнис планот?

Започнувањето на бизнис е како бокс-меч. Очекувањето да напишете бизнис план како документ, кој е почетна инвестиција, многу често збунува.

Се разбира, бизнис планот напишан на хартија треба да ве води до патот на успехот,  но патот ќе биде полн со удари кои ќе ги добиете. Поважно од обидите за да предвидете нешто е да знаете да се носите со тешки ситуации.

Од таа причина, многу топ инвеститори ги менуваат нивните погледи за напишаните бизнис планови. Тие повеќе би ги забележале основачите како ги развиваат своите концепти отколку оние  кои го трошат времето за запишување на идеи. Еве зошто оваа динамика е во застој, и зошто бизнис плановите понекогаш можеби треба да ги прескокнете.

1. Бизнис планот е слика од времето

Напишаните планови се статични, додека почетните бизниси се динамични. Добар пробив за стартапите може да бидат плановите кои се креирани во различни нивоа. Да се прегледа како тие се менувале низ времето и најважно каква е реалноста на вашиот бизнис, и колку се разликува од она што било напишано на хартија. Софистицираните инвеститори ќе посветат повеќе внимание на тоа каде е сега вашиот бизнис, отколку кои се проекциите за во иднина.

2. Клучното во планот е вештачко

Финансиските податоци постојат во повеќето од плановите. Тие демонстрираат дека авторот на планот има основно познавање од бизнис. Но ова не е така реално и во праксата, финансиите напишани на хартија и финансиите во живо не се еднакви. Затоа велиме дека клучниот фактор, односно финансиите се вештачки. Вие слободно можете да се водите според напишаните финансии, но секогаш треба да бидете спремни на дополнителни трошоци кои не сте можеле претходно да ги предвидите.

3. Планот не ја покажува реалната состојба

Кога комуницирате за вредноста и потенцијалот за раст, потрошувачите или инвеститорите можеби нема да ја разберат вредноста, се додека не видат како функционира. Како табелите полни со бројки ќе им го сменат нивното мислење? Сите ваши идни планови не треба да ги раскажувате на долго и широко, туку треба да ги претставите што пореално, а во меѓувреме да испланирате и да претставите како вие би се снашле доколку наидат и неочекувани проблеми.

Бизнис планот може да биде вредно искуство за новите претприемачи што размислуваат за иднината. Но може да биде и „тесно грло” за оние кои имаат креативност и се водат од тоа, да изградат нешто возбудливо, но имаат недостиг од вештини да го претстават во формален напишан план.

Вистинските претприемачки вештини не надоаѓаат од знаењето кога ударот е добиен. Тогаш претприемачот веќе треба да знае што да направи, а тоа не го пишува во бизнис планот, тука е разликата. Оние кои не се држат строго до планот, веднаш имаат план Б кога ќе го доживеат ударот. Исто така, умешните претприемачи треба да се фокусираат многу повеќе на нивните производи и да се вртат околу главните точки, отколку да се држат до напишан план. Инвеститорите и потрошувачите, сакаат да знаат дека вие мислите за иднината, но тие навистина сакаат да знаат дека можете да се справите и со се она што иднината може да го донесе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП