24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧленовите на ММФ ветија дека нема да ги користат своите валути како...

Членовите на ММФ ветија дека нема да ги користат своите валути како трговско оружје

Меѓународниот монетарен фонд соопшти денеска дека неговите членови ветуваат дека ќе се воздржат од конкурентни девизни девалвации и да го зајакнат дијалогот поврзан со трговијата, бидејќи ескалацијата трговските конфликти и повисоките трошоци за заемите се закануваат на глобалниот раст, пренесува „Ројтерс“.

Договорот беше склучен откако министерот за финансии на САД, Стив Манучин повторно изрази загриженост во врска намалувањето на јуанот во однос на доларот – пад, кој според сомневањата на Вашингтон може да има за цел да даде трговска предност на кинескиот извоз и да ги компензира американските царини.

Во соопштението издадено од владејачката комисија на ММФ, земјите членки исто така се согласуваат да разговараат за начините за подобрување на Светската трговска организација, па таа да може да ги прими подобро трговските спорови.

„Потврдуваме дека слободната, фер и заемно поволна трговија и инвестициите во стоки и услуги се клучни мотори за раст и создавање на работни места“, се вели во соопштението на Меѓународниот монетарен и финансиски комитет. „Ќе се воздржуваме од конкурентни девалвации и нема да ги насочуваме нашите девизни курсеви со конкурентни цели“.

Стравувањата дека ескалацијата на глобалниот напон во трговијата и зголемените каматни стапки во САД можат да влијаат на растот ги потресоа светските пазари во последниве денови и доведоа до предупредувања за зголемени ризици од страна на финансиските лидери, кои се собраа на годишната средба на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Настанот се одржува во индонезискиот туристички остров Бали.

„Враќањето е повеќе нерамномерно, а некои од претходно идентификуваните ризици се манифестираат делумно“, гласи уште коминикето, мислејќи на царините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП