25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија ги отвора „пошироко“ вратите за странските работници

Јапонија ги отвора „пошироко“ вратите за странските работници

Јапонската влада размислува за изготвување на нацрт-закон со кој ќе се овозможи островот да прифати повеќе странски работници.

Целта на предлогот е делумно да се реши проблемот со недостатокот на работна сила, што веќе особено влијае на некои главни сектори.

Овој предлог-закон треба да биде одобрен што е можно поскоро, вели владиниот портпарол Јошихиде Суга, кој очекува да стапи во сила во април 2019-та година.

Владата планира да создаде нов визен статус кој ќе им овозможи влез на имигрантите со пониски квалификации од оние кои вообичаено се потребни за влез на јапонска територија и да работат во рок од пет години.

Сепак, кандидатите се уште мора да исполнат одредени барања, како што е познавање на јапонскиот јазик што ќе им овозможи „да не се чувствуваат несоодветни во секојдневниот живот“. Ова значи дека тие веќе го изучувале јазикот веќе неколку години.

Оние кои имаат најдобри квалификации и високо ниво на познавање на јапонскиот јазик би можеле да добијат дозвола да останат подолго и да бидат придружени од нивните семејства.

И покрај овој предлог-закон, јапонската политика за имиграција, прилично затворена земја, „не се менува“, вели Суга.

Во земјоделскиот, малопродажниот, јавниот и патниот сектор, грижата за старите и малите деца, нема работна сила. Јапонците не сакаат да работат таква работа поради тешките работни услови и релативно ниската плата.

Бизнис круговите со кои премиерот Шинзо Абе е во близок контакт веќе долго време побара отворање на пазарот на труд за странци. Но, владата мора внимателно да реагира да го избегне гневот на националистите, кои се главни поддржувачи на владејачката Либерално-демократска партија.

Претходните програми за прием на ограничен број странци за одреден временски период за обука пред да се вратат во нивните матични земји беа остро критикувани поради тоа дека служеле како евтина работна рака.

Според официјалните статистики, во Јапонија во 2017-та година имало 1.28 милиони странски работници од население од 128 милиони лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП